Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во Амбасадата во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи на нашите државјани и во НР Кина, соопштуваат од министерството на чие чело е министерот Бујар Османи.

Со новата опрема, како што е соопштено, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).

Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен поради рестриктивни мерки за карантин, соопшти МНР.

Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи за време на овој мандат.

Најинтересниот дел од оваа последна акција на МНР е тоа што мобилната екипа е во земја која и не е толку полна со македонски граѓани. Познато е дека Македонци и македонски гражани најмногу има во Австралија, Северна Америка и Европа.

Секако дека треба да бидат услужени и македонските граѓани кои живеат во Кина, но да не биде дека „мобилната екипа е побројна од бројот на граѓани кои треба да ги услужи“. Или како што е народната „повеќе дара од масло“.