Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е стара нереформирана партија, СДСМ постојано се менува и подобрува, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.

Еве го целото соопштение од Бихаќска за партиската демократија:

Во СДСМ утре се одржуваат избори за претседател со тројца кандидати, а претседателот го бираат членовите партијата. Тоа е врв на демократија незамислива за ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ утре одржува конгрес на кој се се знае однапред, таму има само еден кандидат а одлучуваат само инсталациите на Груевски.

Тоа е огромна вредносна разлика помеѓу демократскиот одговорен пристап на СДСМ и режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за односи со јавноста на СДСМ