Владејачкиот СДСМ, од чии редови е и министерот Венко Филипче, и натаму ја замајува јавноста со соопштенија и обвинувања на опозицијата, и да ја заташка одговорноста за се она што им го приредуваат како владејачка партија на Македонија и нејзините граѓани.

Упорно и секојдневно лиферуваат соопштенија со илјадапати повторени фрази и лаги, веројатно убедени дека граѓаните наивно ќе ги прифатат како вистина, според познатата „илјадапати повторена лага станува вистина“. Еве го и денешното „соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ“ од седиштето на СДСМ:

Венко Филипче депонира оставка од морални причини, но ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да се повикува на морал, а уште помалку пак има образ да го оценува неговото работење, кое го саботираше во секоја можна прилика.

Партијата која наместо нов клинички центар го приреди „Скопје 2014“ од позиција на власт, сега како опозиција со сите сили се противи на планот на оваа Влада за изградба на нов универзитетски клинички центар, кој ќе го подигне стандардот и услугите во македонското здравство.

ВМРО-ДПМНЕ никако да сфати дека заврши времето кога политиката доминираше над правото. Заврши времето кога истраги и записници од постапки се диктираа по телефон, се измислуваа сведоци и се злоупотребуваа институциите да прават театри пред јавноста. ВМРО-ДПМНЕ никако да сфати дека помина времето на “црни тефтерчиња” за непослушни обвинители, за неподобни судии, за послушници инспектори и напишани пресуди пред завршени постапки. Помина времето кога кривични пријави се пишуваа со “ало-ало” на релација министер – влада. Тоа време беше кога ВМРО-ДПМНЕ беше и полиција, и обвинител, и судија, и сведок! Само ВМРО-ДПМНЕ може да се сити, на катастрофален пожар и загубени човечки животи.

Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е невиден опортунизам, сведена на извлекување корист од кризи, несреќи и свесно деструктивно однесување.

Граѓаните ќе го ценат таквото нивно срамно однесување.

Центар за односи со јавноста на СДСМ