Владата предводена од СДСМ продолжува со грижа за сите граѓани вклучувајќи ги рамномерно сите региони, градови и села, како еден од најважните предуслови за развивање на целата држава и унапредувањето на животот  за сите, соопшти СДСМ.

– За 2 години откако СДСМ ја предводи Владата на Република Северна Македонија, издвоени се 12 милиони евра за финансирање на локални проекти за развој на локалната инфраструктура, за разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кој за цели 11 години издвои само 17 милиони евра за регионален развој. Во 2019 година преку програмата за рамномерен регионален развој Министерството за локална самоуправа финсира 117 проекти за изградба на локална инфраструктура, како што се локални патишта, пешачки и велосипетски патеки, улично осветлување, уредување на јавни површини, водоводи и канализации, реконструкција на градски пазари, обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти, инфраструктура за алтернативен туризам и останата инфраструктура од корист на граѓаните, соопштува владејачката партија.

Исто така, се додава во соопштението, „се изработува и нова десетгодишна стратегија за рамномерен регионален развој како одговор на поразителните перформанси на претходната стратегија донесена во 2009 година, која не даде никаков резултат и дополнително овозможи иселување на граѓаните“.

– Новата десетгодишната стратегија како приоритет ги има граѓаните и директно соработува со сите активни општествени чинители со цел да се одговори на потребите на граѓаните. СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните. Целта на СДСМ како одговорна партија е да мотивира и овозможи рамномерен регионален развој во сите сегменти и да овозможи подобар живот за сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.