Христијан Мицкоски на крајот на кампањата, со една тажна и празна прес конференција го потврди она што веќе на сите им е јасно: го чека убедлив пораз на претседателските избори, во фер и демократски изборен процес, соопшти СДСМ.

– Дебаклот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доживеа на митингот во Скопје, слабата посетеност  и откажувањето на средбите со граѓаните, неспособноста, незнаењето, неискреноста на Сиљановска, ги потиснаа сите нивни лажни претставувања. Впрочем и ВМРО-воајерска е нивна матрица, на Груевски и неговиот дублер Мицкоски, кои упаднаа во приватните животи на граѓаните, со масовно прислушкување, следење, монтирање процеси… Сценарија има само во главите на Мицкоски и Груевски и поразот на овие претседателки избори ќе биде пораз на нивните мрачни сценарија и на сите обиди да го закочат напредокот на земјата, се вели во соопштението од СДСМ.

Понатаму се додава дека „нема да успеат сценаријата на Мицкоски диригирани од неговиот ментор од Будимпешта“.

– Граѓаните ги отфрлаат деструкциите, блокадите, кочењата, лагите на Мицкоски, Сиљановска и Груевски. Граѓаните не сакаат враќање назад, изолација, неизвестност, туку напредок, сигурна иднина, НАТО, ЕУ, повеќе пари, подобар живот. Затоа во недела граѓаните ќе излезат. Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, сите! Со гордост и со пенкалото в рака ќе изберат напредок, сигурна и стабилна иднина, ќе го изберат концептот на Стево Пендаровски, соопшти СДСМ