Преку одговорни мерки и политики СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани, сооопшти денеска владејачкиот СДСМ.

– Со реформата во социјалната заштита воспоставивме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведовме начин за трајно извлекување од сиромаштија. Го олеснивме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемивме сумата што по овој основ ја добива едно семејство. Воведовме и нови додатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања. Од воспоставувањето на оваа реформа во мај 2019 детскиот додаток им се исплаќа на 27.130 деца, а образовниот на 8.678 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно, се вели во соопштението.

До крајот на реформата, се додава во продолжение, очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно.

– Сето ова го правиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето, преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на труд. Грижата за граѓаните кои живеат во сиромаштија е приоритет на Владата предводена од СДСМ. Градиме општество кое отвора еднакви шанси за сите. На прав пат сме, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.