Политиките на СДСМ во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ и во време на пандемија доведоа до раст на просечната плата во РС Македонија, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.
– Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари. Просечната плата во државата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година. Од јуни 2017 година, кога на чело на Владата застана СДСМ просечната плата во државата порасна за 4.423 денари. Заложбите на СДСМ за иновативна, конкурентна економија, која ќе обезбеди стабилен економски раст, како и помош и поддршка за зачувување на работните места, и за фирмите и граѓаните погодените со кризата го поттикнуваат трендот на раст на платите. СДСМ покажа како вистински и домаќински се работи во интерес на граѓаните, на економијата и така ќе продолжи и во следниот четиригодишен мандат до 20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.