СДСМ ја урива економијата, нема викенд без ДДВ, но има поткуп со картички. СДСМ ги доведе граѓаните до просјачки стап. СДСМ и нивната неспособна влада предводена од Зоран Заев над 40.000 граѓани остави на улица.

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев и неговата влада доведоа над 500.000 луѓе да живеат на работ на егзистенција. Владата безмилосно и душмански ги задолжува граѓаните и наместо парите да одат за помош на невработените и бизнисот тие се наменети за картички кои се дел од заложбата на Заев за купи ден помини политика. Нема ништо од најавената мерка на владата за викенд без ДДВ, а впрочем нема ни помош за стопанството. Еден месец по платежната картичка народот пак ќе биде гладен, а 100.000 ќе живеат со 50 денари на ден. Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата. Денес поради СДСМ имаме историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза. Иако се потрошија 1 милијарда евра раст нема, нема ниту ефект за амортизација, напротив тоне државата. И додека се оди во надолен тренд сметките за струја растат. Додека народот осиромашува, мафијата на власт се богати, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ.