Лажните вести не можат да го сокријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е непријател и најголем штетник на медиумските права и слободи, се вели во денешната реакција од СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Го објавуваме целото соопштение од Бихаќска:
ВМРО-ДПМНЕ 11 години како режимска власт корумпираше, затвораше медиуми, вршеше притисоци кон критички настроени новинари.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски има ист однос кон медиумите и новинарите.
Граѓаните и медиумските работници треба да знаат дека нервозниот Мицкоски лично се јавува по телевизии да влијае врз уредувачката политика, но тоа тешко му оди бидејќи времето на Груевски и режимот, времето на притисоци кон новинари и медиуми заврши со доаѓањето на СДСМ на власт.
СДСМ и граѓаните никогаш нема да дозволат да се загрози слободата на новинарите.
Цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во 1 ТВ за која денес шират лажни вести и измислици.
Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ на дело, порано насмеани до уши гостуваа во 1 ТВ, а денес станаа мегафони на Боки 13.
Лажните вести не можат да го сокријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е непријател и најголем штетник на медиумските права и слободи.
Центар за односи со јавноста на СДСМ