Бившиот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, кој до неодамна редовно ја објавуваше рубриката „пред и потоа“ на неговиот профил на Фејсбук  за неговите успеси и Скопје како зелен град, сега се жали на загаден воздух.

Шилегов на неговиот Фејсбук профил објави резултат на една од мерните станици што во моментот покажува енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје и напиша „Go green…“.

Скопје синоќа се вбројуваше во првите десет најзагадени градови во светот, според сервисот „Iqair“. Со индекс на квалитет на воздух 181, главниот град е шести на листата на загадени градови.

Апликацијата „Мој воздух“ покажа високи вредности на загаденост во сите делови на Скопје. И во изминатите четири години имаше денови кога Скопје беше меѓу светските рекордери во загаденост, но тогаш на Шилегов како градоначалник не му пречеше загадениот воздух.

Пораката е пратена: Додека Шилегов беше градоначалник, дишевме чист ајро, а откако тој замина, не помагаат ни субвенционираните инвертери што ги делеше за исфрлени шпорети и печки на дрва.