Поранешниот висок партиски функционер на СДСМ и пратеник од оваа партија, Игор Ивановски – Шема, кој беше и во претседателскиот кабинет на експретседателот, експремиерот и екс лидерот на партијата, Бранко Црвенковски, сега повторно се враќа на функција во партијата.

На утрешниот Централен одбор, СДСМ ќе го промовира новиот Совет за креирање и имплементација на политики, а на чело на советот ќе биде Шема, објави Телма, повикувајќи се на високи партиски извори.

Ивановски е дел од таканареченото скопско крило на партијата, а од Скопје треба да биде избран и еден од четворицата потпретседатели на СДСМ.

Според извори на Телма, ова место сè уште не е пополнето, а има четворица кандидати.