Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза, презеде навремени и ефикасни мерки вредни 400 милиони евра за заштита на економскиот стандард на граѓаните.

Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, кое го пренесуваме во целост:

ДДВ за основните производи го намаливме од пет на нула отсто. Да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе плаќаа по 1.500 денари повеќе.

Ги укинавме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи.

Ја намаливме акцизата за горивата и го намаливме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%. Доколку го немаше ова намалување, секој граѓанин ќе плаќаше 300 денари повеќе.

Силно ги субвенционираме граѓаните за елетрична енергија која би била дури 80% поскапа. Ако не го обезбедевме субвенционирањето на производството на струја и на цената на струја, сметките за струја за секое семејство ќе беа повисоки за 2.150 денари месечно.

Благодарение на сите овие антикризни мерки, месечните сметки на граѓаните се намалени за 4.000 денари.

Центар за односи со јавноста на СДСМ