ВМРО-ДПМНЕ е во паника од тоа што денес институциите и Владата предводена од СДСМ водат бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, се вели во денешното соопштение од СДСМ.
Го пренесуваме во целост:
Симоболот на корупција и расипништво е ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа се покажа и по последниот скандал „Кражба“ каде нивниот пратеник Антонијо Милошоски бил осуден во Германија за сторени кривични дела.
Наместо осуда и барање за оставка, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застана зад Милошоски.
Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им пречи тоа што вицепремиерот Љупчо Николовски е посветен на неселективна борба против криминалот и корупцијата и затоа е цел на неосновани напади и конструкции од белиот дворец.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не успеаја да ја спречат правдата, нема да успеат да ги спасат криминалците во своите редови и тоа треба да им биде јасно. Залудни им се сите обиди за дискредитација, ќе има правда и одговорност за сите.
Центар за односи со јавноста на СДСМ