Народот избра демократија, развој, напредок со СДСМ, соопштија денеска од владејачката партија.

Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

Граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести, кои работат против интересите на својот народ и својата држава.

Најновата порака до Мицкоски, стигна од предвремените избори за градоначалник на Штип, граѓаните решително гласаа за концептот кој оди по европскиот пат и ја поразија деструктивноста на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, немаа храброст да се соочат со противкандидат, да се соочат со граѓаните на Штип и кукавички без да учествуваат на овие избори правеа опструкции со цел да наштетат на процесот, но не им успеа!

Граѓаните на Штип испратија јасна порака и до бојкотирачот Мицкоски, граѓаните го казнија неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, избраа грижа, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Народот избра демократија, развој, напредок со СДСМ, а Мицкоски останува сам на браникот на криминалот, очаен затоа што знае дека неговите лаги не му поминуваат ниту во сопствената партија.

Затоа Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ