Владејачкиот СДСМ продолжува со својот серијал соопштенија за „инвестиции во здравјето и животот на граѓаните“. И денешново го објавуваме во целост, како што е испратено од седиштето на Бихаќска:
Владата предводена од СДСМ како и Министерството за здравство остануваат посветени на развој и унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за лекарите и граѓаните.
Покрај инвестициите во човечкиот капитал, континуирано инвестираме и во опремување и реновирање на здравствените установи.
За првпат после повеќе од 50 години во Општата болница во Прилеп отворен е нов оддел во кој е поставен новонабавениот апарат за магнетна резонанца.
Ставањето во функција на апаратот на магнетната резонанца од исклучително значење и придобивка за граѓаните на Прилеп, Крушево и Македонски Брод и целиот овој регион, вклучително и Кавадарци.
Околу 120.000 граѓани, во овој нов оддел ќе добиваат квалитетна здравствена услуга неопходна за точна дијагностика.
Паралелно, унапредувањето на здравствениот сектор и грижата за здравствените работници останува наш врвен приоритет.
Платите на сите вработени во здравството годинава ги зголемивме за 5 отсто.
За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%.
Направивме корекција и на коефициентот на дежуствата, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар.
Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на квалитетно здравство и достојни услови за работа и вистинска грижа за сите граѓани.
Центар за односи со јавноста на СДСМ