Економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, економијата излегува од кризата витална, развојна и динамична.

Ова го истакна на денешната прес-конференција Размена Дуровиќ – Чекиќ, претседателка на Комисија за економија на СДСМ. Текстот од прес-конференцијата го објавуваме во целост:

Просечната плата континуирано расте и од јуни 2017 година досега е зголемена за над 6.000 денари.

Денес стапката на невработеност е на историски најниско ниво и изнесува 16 отсто.

Одговорните економски политики на владата, новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали до крајот на годината.

Последните официјални податоци покажуваат раст на индустриското произвдството од 9,5 отсто. Извозот на стоки во периодот јануари јуни годинава е зголемен за 39,1 отсто, а увозот за 38,7 отсто.

Сите показатели потврдуваат дека македонската економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст.

Уште една потврда за нашите позитивни економски политики доаѓа од агенцијата „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на државата и смета дека економијата оваа година ќе излезе од криза и ќе забележи раст на БДП од 3,7 отсто.

Како двигатели на растот се наведени здравото закрепнување на странската потрошувачка и на приватната потрошувачка, што се должи на владините мерки за поддршка на стопанството.

Задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од коронакризата е од исклучително значење, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за довербата во политиките коишто се водат во државата.

СДСМ, како одговорна парија ќе продолжиме со економските политики кои го поттикнуваат развојот и растот на стопанството, обезбедуваат подобри услови за работа на компаниите и повисок животен стандард за граѓаните