СДСМ не дозволи и нема да дозволи нови амнестии, е вели во денешното соопштение на СДСМ, партијата чиј лидер Зоран Заев е двапати амнестиран и е единствен аболициран премиер во Европа.

– Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов. ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година па досега тврдеше дека одлуката на Иванов е исправна и врз основа на постоечки член. Законодавно-правната комисија го потврди тоа што СДСМ со години го тврди, дека  членот 11 на кој тој ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем. Вчера на седницата на Законодавно-правната комисија без збор, без дискусија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа дека не постои таков член односно дека Иванов надвор од законот аболицирал врз основа на непостоечки член. Сега е тоа официјален собраниски документ кој потврди дека помилувањата на Иванов се незаконски и со тоа ништовни. Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна. СДСМ не дозволи да оживее незаконската аболиција на Ѓорге Иванов. СДСМ не дозволи и нема да дозволи нови амнестии, одговорност за сите мора да има, се вели во соопштението од СДСМ.