СДСМ покажува вистинска грижа за работниците и успеа значително да ги покачи платите. Ние им ги покачивме платите и на наставниците за 21 отсто, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ го политизира штрајкот на СОНК, се истакнува во денешните соопштенија од владејачката партија.

СДСМ наведува дека парите чесно ги наменуваат за повисок стандард на граѓаните, додека во „време на режимот парите на граѓаните се трошеле на споменичко лудило“. Ги објавуваме соопштенијата од СДСМ во оригинал како што се испратени до јавноста од седиштето на Бихаќска:

СДСМ ги покачи платите на наставниците за 21%, само преку социјален дијалог е можно решение,

Соопштение за јавност

СДСМ изминатите неколку години и покрај здравствената, а потоа и економската криза, успеа значително да ги покачи платите, со што покажа дека го вреднува трудот на работниците.

Платитие на наставниците во основното и во средното образование во три наврати се зголемени за вкупно 21 отсто во период од четири години.

Од 2016 година платата на вработените во градинките се зголеми за повеќе од 16% што во просек значи покачување од 4.300 за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките.

Преку социјален дијалог, минималната плата беше зголемена за 100 отсто, од околу 9.000 на 18.000 денари.

Токму социјалниот дијалот меѓу репрезентативните синдикати и надлежните институции е единствено решение за штрајкот на СОНК.

Целта на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери е преку континуиран дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус.

ВМРО-ДПМНЕ да не го партизира штрајкот на СОНК

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ да не го партизира и политизира штрајкот на СОНК.

Тоа е истата партија, која во време на режимот парите на граѓаните ги трошеше на споменичко лудило, работниците за Белата палата беа само евтина работа сила, а наставниците понижени, уценувани и под постојан притисок.

За разлика од нив, СДСМ покажува вистинска грижа за работниците и успеа значително да ги покачи платите.

Во образованието во три наврати платите се покачија за вкупно 21 отсто.

Просечната плата достигна речиси 30.000 денари, а минималната е двојно зголемена на 18.000 денари.

Со СДСМ платите ќе растат и понатаму, но преку издржани решенија и системска методолошка рамка низ дијалог меѓу засегнатите страни.

Центар за односи со јавноста на СДСМ