Ова е рекордна исплата, каква што не е забележана откако постојат програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.
Вообичаено, како речиси во сите соопштенија, наместо одговор на поплаките од земјоделците дека доцнат субвенциите, СДСМ ја обвинува опозицијата за „нечесен однос кон земјодлеците“. Го објавуваме соопштението од СДСМ во целост:
Како одговорна, водечка партија, остануваме целосно посветени на навремена, директна помош и поддршка за земјоделството како клучна стопанска гранка во нашата држава.
За таа цел, од стартот на годината исплатени се речиси 4,4 милијарди денари или над 71, 5 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците.
Досега на земјоделците, преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година, исплатени им се над 3.6 милијарди денари, или над 58 милиони евра, а над 730 милиони денари или речиси 12 милиони евра се исплатени преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.
Ова е рекордна исплата, каква што не е забележана откако постојат програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Исплатата е извршена кон сите земјоделци, без поделби и калкулации како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Остануваат да се доисплатат остатокот од субвенции за сточарите кои во моментот се жртви на партиски интереси на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен однос кон земјоделците.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние ги зголемивме субвенциите, редовно, навремено и неселективно ги исплаќаме, а трудот на земјоделците го цениме и вреднуваме.
Продолжуваме со инвестиции во аграрот кои значат унапредување на земјоделското производство и подобри услови за работа на сите земјоделци.
Центар за односи со јавноста на СДСМ