СДСМ заедно со граѓаните гради европска иднина и општество на еднакви шанси за сите, се истакнува во денешното соопштение од владејачката партија кое според вообичаената практика продолжува со обвиненија за опозицијата „која е виновна за се“ што владејачката партија не реализира.

Го објавуваме целото соопштение од СДСМ:

Додека владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев прават дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на државните и националните интереси.

СДСМ заедно со граѓаните гради европска иднина и општество на еднакви шанси за сите.

Со лажни вести, шпекулации и конструкции ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски се става на спротивната страна од евроинтеграциите на државата.

Очигледно е дека Мицкоски стравува од можен успех на државата па затоа по секоја цена се обидува да ги поткопа меѓународните позиции.

Ништо ново од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога државата прави чекор напред тие ги интензивираат лажните вести и деструкциите, класично антидржавно и антинародно дејствување.

Тоа граѓаните го препознаваат затоа Мицкоски е шест пати поразуван затоа одново ќе биде поразен.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште долго ќе останат во опозиција.

Центар за односи со јавноста на СДСМ