СДСМ со одговорен, државнички пристап за само пет години ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата, поставени при осамостојувањето пред повеќе од 30 години, истакнува во денешното соопштение владејачкиот СДСМ, чие денешно соопштение подолу го објавуваме во целост:

РС Македонија е полноправна членка на НАТО. По 17 години кандидатски статус ги започнавме и преговорите за членство во Европската унија и тоа со заштитен македонски идентитет и чиста формулација за македонскиот јазик.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, нема асимилација, ни бугаризација.

Но и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини за некакви нови договори и да измислуваат конструкции.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже и го плаши народот, СДСМ продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ.

Центар за односи со јавноста на СДСМ