И за божјите, и за природните, и за сите непогоди како вчерашната што го погоди Скопје, „виновни“ се други, според владејачката партија.

СДСМ го искористи и вчерашното невреме да ја напаѓа опозицијата, односно локалната власт, која во Општина Центар ја има СДСМ.

Не треба повеќе објаснување за апсурдот во кој владејачка партија која во свои раце ги има сите механизми на централно, но делумно и на локално ниво, да бара виновници „кај другите“.  Денеска е затворен и трговскиот центар Ист гејт, кој владејачката партија со коалиционите партнери брзаше да го отвори пред локалните избори. Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

Скопје под вода, а локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше

Локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија при невремето што вчера попладне го зафати Скопје и околината.

Скопје беше поплавено, улици, булевари, подвозници под вода, паднати дрва и гранки, попречен и отежнат сообраќај, а локалната власт предоведена од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше.

Над 10.000 домови се поплавени а ЈП водовод не презеде ништо. Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно.

Кризен штаб треба да се формира навреме, да биде подготвен за различни ситуации пред невремето.

Јавните претпријатија треба да ги исчисти и да ги проверат каналите, шахтите, атмосферската канализација.

Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците.

ЈСП Скопје не ги информираше граѓаните за одложените линии, за можностите, ниту ги насочуваше.

На терен беше само полицијата и институциите од централната власт а локалната власт никаде ги немаше.

Со еден збор, целосно потфрлање на кадрите на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се локална власт во Скопје.

Центар за односи со јавноста на СДСМ