Најголем интерес за упис во академската 2022/2023 година што почна вчера има за информатичките науки, поради лесното доаѓање до работа и високите плати.

Од сите факултети на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, најголем интерес има за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје. Тоа може да се види по фотографиите кои од вчера кружат на социјални мрежи, но и од тие што ги објави на Фејсбук страницата на овој факултет.

Построени во долга редица на улица потенцијалните бруцоши со часови чекаа за да ги дадат документите за конкурирање. Овој тренд трае повеќе години се поголем број млади сакаат да студираат информатички науки.