Од земја зависна од увоз на енергија, денес сме држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
Владата предводена од СДСМ донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката.
На последната седница Владата ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот систем ќе добие два дополнителни два извори на обновлива енергија.
Ова е еден од низата чекори што Владата ги презема со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија.
Пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди стабилно снабдување со природен гас.
Исто така, во фаза на подготовка или во фаза на реализација се и неколку фотонапонски електрани и ветерни паркови, распоредени во неколку општини во државата.
Од земја зависна од увоз на енергија, денес сме држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем.
Сето ова е силна потврда за посветеноста на Владата на инвестициите во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да се обезбедат поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух.
СДСМ како одговорна партија продолжува да спроведува одговорни и државнички политики во делот на енергетиката.
Центар за односи со јавноста на СДСМ