Додека е државата во тага, опозцицијата сака да ја поткопа независната, непристрасна, објективна и ефикасна истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово, обвини денеска владејачкиот СДСМ.
СДСМ е партијата чиј лидер ветуваше бесплатно здравство низ цела Европа ако граѓаните гласаат за смена на името на Македонија. Тоа е партијата која е на власт и не успева да обезбеди квалитетни здравствени услуги за своите граѓани и во сопствената држава. Тоа е партијата која додека беше во опозиција министерот за здравство во „режимот“ го нарекуваше министер за смрт поради смртта на малата Тамара.СДСМ е партијата која обвинува за некрофилство, а некрофислтсвото до максимум го злоупотреби со смртта на малата Тамара.
Истата СДСМ денес кога е на власт и кога живи горат пациенти во болница, заборави на „мерцедесот“, на злоупотребуваното девојче Тамара и на се што ветуваше, и сега за се и е виновна опозицијата. Во продолжение денешното соопштение од Бихаќска, од партијата на власт:
Додека е државата во тага, ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната, непристрасна, објективна и ефикасна истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово, која ќе даде одговори за се.
Предизборна политизација на трагедијата е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да покрие тоа што нема понуда и знае дека и следи пораз.
Нема да дозволиме лагите, некрофилноста на ВМРО-ДПМНЕ да влијаат врз истрагата.
Институциите имаат стручност и капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага.
Вклучувањето на странски експерти во откривањето на причините за пожарот е дополнителна потврда за непристрасност во постапката.
Јавноста навремено ќе биде запознаена со секоја запирка и точка од извештајот на истрагата и дејствијата кои се преземаат, никој нема да биде изземен од одговорност ако истрагата тоа го утврди.
Центар за односни со јавноста на СДСМ