Нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2 отсто годишно во наредните пет години, објави владејачкиот СДСМ во денешното соопштение.

Во продолжение комплетното соопштение од Бихаќска:

Собранието на РС Македонија, ги донесе измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес.

На овој начин се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д.

Со овие два коридора за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, наместо како досега да бидеме поврзани само меѓу север и југ.

Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години.

Тоа е директен импакт врз македонската домашна економиј и е трајна вредност во инфраструктурата.

Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Северна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа.

Центар за односи со јавноста на СДСМ