Вицепремиерот Артан Груби најави поход во изградбата на коридорите и им се заблагодари на пратениците кои вчера во Собранието гласаа за смена на законите и изградба на автопатите, за кои не го виделе договорот.

– Како што и реков: Пушката топ нека им стане, но оваа работа НЕ ЗАСТАНУВА! Собранието ги изгласа сите закони за побрза и поевтина изградба на Коридорот 8 и 10-Д! Им благодарам на пратениците и граѓаните за големата поддршка на најголемиот проект во историјата на државата!- објави Груби на својот профил на Фејсбук.

Инаку, договорот за автопатите, не го видоа ни пратениците од владејачките партии кои гласаа за измените на законите. А опозицијата секојдневно објавува скандалозни делови од договорот со Бехтел и Енка, како што се тврди, на штета на граѓаните на Македонија.