По 11 години заробена држава С. Македонија е светол пример. Граѓаните ја поразија деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ и сега одиме напред кон ЕУ и НАТО.
Ова се истакнува во соопштението од СДСМ.
– Христијан Мицкоски не смогна храброст да честита за најпозитивниот Извештај од Европската Комисија и безулсовната препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Наместо идеи, проекти, програма, предлози во интерес на граѓаните, Мицкоски игра по нотите на Груевски од Будимпешта, се фатил за деструкцијата и лажните вести како негова единствена основа за делување. Преку Мицкоски зборува Никола Груевски, исти фрази, иста глума, лажна загриженост, измислени апокалиптични сценарија за наводно редефинирање на државата, нови граници и слични кои немаат врска со реалноста. 11 години овие филмови на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги изнаслушавме сите, само за да може фамилјата да се богати додека граѓаните страдаа, се вели во соопштението.
Така, додава СДСМ, режимот не заглави во изолација и станавме заробена држава.
– Тоа време заврши, граѓаните ја поразија таа деструктивност, сега одиме напред кон ЕУ и НАТО. По 11 години заробена држава Северна Македонија е светол пример. Граѓаните знаат дека на Мицкоски не му се допаѓа напредокот, тој е на различна страна од интересот на граѓаните и државата. Нашата татковина граби кон интеграција во ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрицата на деструкција, криминал и антидржавно однесување. Но нема да успеат да ја вратат државата назад во темното минато на изолација. Деструкцијата на Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде поразена, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.