Власта продолжува со самоволието и спроведувањето штетни политики со единствена цел, Зоран Заев да ја зачува својата фотелја на Илинденска бб, реагира ВМРО-ДПМНЕ за пописот каков што го планира власта.

– Пописот е статистичка операција од големо значење за државата, операција која во една нормална држава ја одредува насоката во која ќе се движат државните политики. Во Република Македонија, Зоран Заев пописот го разбира како политичка алатка која му служи за исплата на политичките концесии кои го донесоа овој човек на власт. Во ниту една европска држава не се попишуваат матични броеви туку домаќинства и граѓани, се вели во реакцијата.

Натаму се потсетува дека препораките на Еуростат не велат дека една земја аспирант за членство во Европската Унија треба да попишува матични броеви.

– Заев продолжува со злоупотребата на државните и националните интереси со единствена цел останување на власт, а распродажбата на истите веќе му поминува во навика. Аболицираниот Заев по кој знае кој пат го покажува недостатокот на Европските вредности. Криминалната банда на власт повторно на шверцерски начин протуркува уште едно погубно законско решение за македонската држава. Опозицијата повторно е исклучена од ваквиот процес за носење на закон кој е од суштинско значење за државата. Ваквото однесување на власта е недозволиво. Зоран Заев ризикува повторно да се соочи со гневот на народот, како што тоа се случи со неуспешниот референдум за промена на името. Крајот на криминалната банда е близу. Што и да направи аболицираниот Заев тоа нема да го пролонгира крајот на неговата политичка кариера, тој за граѓаните е прочитана книга. Само кога Заев ќе замине од политичката сцена во државата, Македонија ќе има шанса да се врати на вистинскиот пат на реформи, економски просперитет и добробит за македонските граѓани, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.