Во екот на најголемата светска здравствена и економска криза, од која не е поштедена ниту нашата земја, ефикасните и навремени антикирзни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат раст на платите, соопшти денеска СДСМ
– Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика изнесувала 27.535 денари. Платата во август, и во услови на најголемата криза во светот, по втората светска војна, е зголемена за 9,6 отсто во однос на истиот месец минатата година. Од јуни 2017 година, кога СДСМ застана на чело на Владата, просечната плата во државата порасна за 4.727 денари. СДСМ преку бројни мерки и политики, во изминатиот период покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата, за државата. Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните и на стопанството, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.