Нервозата и стравот во ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски се повеќе растат, се истакнува во реакцијата од СДСМ по денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Лагите се нивна единствена стратегија. Од Белата палата секојдневно конструираат измислици за неосновано да го напаѓаат Ковачевски, со очајни лаги за неговото образование. Тоа е очекувано, за една партија како ВМРО-ДПМНЕ која што е нереформирана, во која ништо не се менува и која нема никаква понуда за граѓаните. За разлика од квалтетното образование на Ковачевски, единственото стручно усовршување Христијан Мицкоски го имал кај својот татко, каде што бил асистент, се вели во реакцијата од СДСМ.

Реакцијата се однесува на денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, во кое опозициската партија побара Ковачевски да и одговори на јавноста како ја стекнал докторската титула на универзитетот во Подгорица во Црна Гора.