Малцинствата не се странци. Малцинствата се наши комшии, наши пријатели, наши другари, брачни партнери, колеги и сограѓани, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, Хрвати па и Бугари како малцинска заедница – сите се македонски државјани.
Прашањето за малцинствата не е бугарско прашање. Тоа е европско прашање.
Ние преговараме со Европската Унија, а не со Бугарија за членство во ЕУ.
Со внесувањето на малцинствата во Уставот се зајакнува единството и кохезијата на целото општество.
Тоа го демантира бугарскиот наратив дека не постојат Македонци.
Во Македонија се малцинства Бугарите, а во Бугарија Македонците. Уште една потврда на националниот идентитет.
Ние сме една држава со еден македонски народ и со сите малцинства кои живеат во неа.
Криминалната организација ВМРО намерно ја плаши јавноста со „бугарска опасност“ за да ја блокира европската иднина на Македонија и да ја заштити својата криминална мрежа.
Малцинствата не го загрозуваат македонскиот идентитет. Тие го зајакнуваат.
Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.
СДСМ




