Јасно е дека Мицкоски не успеа повторно, соопшти денеска СДСМ.

– Мицкоски побегна од лидерска средба но од правдата нема бегање. Мицкоски нема да може да го одбрани криминалот на Никола Груевски, вистинскиот негов шеф. Мицкоски не може да го одбрани криминалот на Груевски, нов Предлог-закон за Јавно обвинителство. СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски бои. Новиот предложен текст на Законот за Јавно Обвинителство е уште една потврда за тоа. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот, а СДСМ бескомпромисно се бори против криминалот и корупцијата. Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжат, нив ќе ги застапува новото ЈО. Одговорност за сите овие предмети ќе има. Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата.