Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ на вонредните локални избори изгубија во Центар Жупа и Маврово Ростуше, во двете општини каде што се избираше градоначалник, а СДСМ и коалицијата однесе двојна победа.

Ова се истакнува во реакцијата од СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, која подолу ја објавуваме во целост:Во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има континуиран пад на гласовите. СДСМ во Маврово Ростуше (3.266) освои колку што ВМРО-ДПМНЕ во Тетово (3.332) општина со над 80.000 гласачи!

Кандидатот на коалицијата на СДСМ во Центар Жупа (3340) освои повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово (3332)!

ВМРО-ДПМНЕ на изборите за советници во општина Тетово имаше пад од над 1.000 гласа, во однос на локланите избори пред 10 месеци.Колку анкети да нарача Мицкоски, што и да говорат од Белата палата, не можат против зборот на граѓаните, а граѓаните на избори јасно порачаа дека се против деструкции и блокади, силно застанаа зад европската коалција и вистинските политики на СДСМ.

Центар за односи со јавноста на СДСМ