Од 15 денари во 2013 скокна откупната цена на пиперките на 29 денари во 2019 година, објави попладнево СДСМ на својот официјален Фејсбук профил.
Партијата на власт има и графички приказ на зголемувањето на цената на пиперките откако дојдоа на власт.
Нема подетални информации дали станува збор за пиперката ајварка, дали откупната цена е само за благиот или и за лутиот пипер. Битно е откупната цена на пиперките за земјоделците на Фејсбук да расте, а за граѓаните кои ја купуваат цената на Фејсбук да паѓа.