Денеска објавуваме голем скандал во образованието кој очигледно некое време власта се обидува да го сокрие и да го заташка. Деца од училиште однесени во казино во Монте Карло! За директорката и помошникот директор да се коцкаат, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јованче Манасков, претседател на комисија за образование и наука на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Да, добро ме слушнавте. Имаме и видеа и фотографии. Едното видео коешто ќе го објавиме е со заматени ликови, поради тоа што има малолетни деца. Но свиркачи ни го доставија и го имаме и оригиналното.
Брука! Казино образование на Јаневска и ВМРО.
Што покажуваат информациите, сликите видеата? За време на ученичка екскурзија во Монте Карло, директорката на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Жанета Сервини, и помошник-директорот Љупчо Здравковски, наместо со учениците – се коцкаат на слот машини во казино.
Во истото време малолетните ученици, за кои тие биле одговорни, ги чекале во холот.
Наместо да се грижат за безбедноста и едукацијата на учениците и да бидат пример за младите, раководители на училиште се коцкаат во казино. И децата ги носат во казино.
Каква едукација им дале првите луѓе на уличиштето – како се вртат слот машини?
На што ги учат децата ВМРО-ОКГ и нивните кадри? Да се коцкаат.
Ова е неморален случај и затоа бараме одговорност од прв до последен.
Ја повикуваме Јаневска итно да изврши надзор и да поведе постапка за одговорност и разрешување на сите инволвирани.
Одговорноста во образованието не е привилегија, туку обврска.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ




