Потврдено од Трајко Славески: политиката на ВМРО-ДПМНЕ е да не се зголемуват платите ниту минималната, ниту останатите плати, акцентира СДСМ во денешното соопштение.

– „Апелираме немојте да продолжите да ја покачувате минималната плата“. Ова вчера во емисија на Телма телевизија неколкупати, ревносно го застапуваше Трајко Славески. ВМРО-ДПМНЕ освен што брани криминал е против зголемувањето на платите! СДСМ ги покачува платите во сите сектори и се бори за правна држава. Научени само да грабаат од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против тоа платите да растат. ВМРО-ДПМНЕ е против покачувањето на минималната плата. ВМРО-ДПМНЕ е против покачувањето на платите, против тоа повеќе пари да завршуават кај граѓаните, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.