Се шират лаги и неосновани напади кон вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски, кој се бори против криминалот и корупцијата во нашата земја, реагира денеска владејачкиот СДСМ.
– Во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на криминал и корупција имаат страв од правда и одговорност. ВМРО-ДПМНЕ е партија која штити осудени криминалци, а Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот. Токму тоа е причината што секојдневно шират лаги, конструкции и неосновани напади кон вицепремиерот Љупчо Николовски и останатите министри кои се борат против криминалот и корупцијата. Залудни се таквите очајни обиди, со тоа нема да ги спасат од одговорност криминалците во белиот дворец, ниту ќе ја вратат државата назад во времето на режим, криминал и неказнивост. Правда и одговорност за сите ќе има, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тоа не можат да го спречат, се вели во соопштението од СДСМ.
Оваа реакција од владејачката партија доаѓа по обелоденувањето дека братот на Николовски направил раст на својата фирма од 2.100 проценти во време на пандемија. Ваков раст, како што објави денеска ВМРО-ДПМНЕ, немаат ни фирмите на Илон Маск, во време кога Македонија во корупција и криминал е пред Буркина Фасо.