Во соседна Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија. Меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма. Ова е огромен, криминален, картелски скандал за кој мора да има одговорност, рече на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ, се наведува во соопштението кое МИА го пренесува интегрално.
Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: Како 5 тони дрога поминале преку македонската граница?
Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува?
Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи.
Ова не е инцидент – ова е систем.
Како е можно во држава со Сејф Сити, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога?
Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сѐ и никој ништо не ѝ може?
Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога се пренесени преку македонските граници без да бидат откриени?
Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра.
А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците кои едвај врзуваат крај со крај.
Како во мафијашки филм.

СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и во Србија, но наместо одговори, молк.
Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството конечно да реагира?
Ќе покрене ли истрага за овој случај или повторно гласот не допира за скандалите и криминалот на власта?
Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството да реагира?
„Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството конечно да реагира? Ќе покрене ли истрага за овој случај или повторно гласот не допира за скандалите и криминалот на власта?“, истакна генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.
Во Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија, а меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма. За овој огромен, криминален, картелски скандал мора да има одговорност.
„ Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува. Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи. Ова не е инцидент – ова е систем. Како е можно во држава со Сејф Сити, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога? Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сè и никој ништо не ѝ може?“, потенцираше Димитријевиќ.
Тој посочи дека институциите мора да излезат пред јавноста и да сносат одговорност за овој скандал.
„Не може институциите да молчат. Нека излезат пред граѓаните и нека кажат кој ќе понесе одговорност. Одговорност ќе има, кога – тогаш. Работата не е завршена. Сите ќе одговарате“, рече Димитријевиќ.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=H-zwMWVk5fA
Фото: СДСМ




