Задоволни сме дека по 20 години конечно пописот се оддржа и се реализира согласно сите процедури, велат од владејачката СДСМ.

-Честитки за висината на задачата при спроведувањето на пописот за институциите како и за граѓаните кои учествуваа во реализацијата на најобемната стстистичка операција, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Од партијата велат дека по направената анализа ќе излезат со став за податоците кои се добиени од пописот.