Официјални податоци ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, соопшти денеска владејачката СДСМ.

– Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат пад на невработеноста која во првиот квартал од 2019 година изнесува 17,8 отсто. Ова е историски најниска стапка на невработеност. Успешните економски политики, активните мерки за вработувања и конкурентната економија, даваат позитивни резултати врз намалувањето на невработенста. За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места, се вели во соопштението.

Извесното членство во НАТО, се додава натаму, и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засили ваквиот позитивен тренд на намалување на невработеноста.

– Реални, официјални податоци ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што носат економски раст и развој, нови работни места и повеќе пари во секое семејство. Грижата за граѓаните продоложува, зборот важи, се вели во сооопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.