Европската перспектива на Република Македонија е загрозена од клиентелизмот и криминалот на Зоран Заев и луѓето околу него, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Криминалот царува на улиците, земјоделието е уништено, квалитетното образованието е опаднат, со милионски тендери се полнат џебовите на функционерите на власта. Буквално земјата тоне. Наместо реформи имаме криминал и корупција. Единственото ветување на кое се држеше Заев – влез во ЕУ, полека бледнее. Европската перспектива на државата е загрозена, ја уништи криминалот и корупцијата кои царуваат насекаде, се вели во соопштението.

Натаму се додава дека во ЕУ не се оди со криминал, во ЕУ се оди со реформи, кои Заев не ги испорача.

– Заев, политичарот кој е највиновен за лошата ситуација во која се наоѓа Македонија сега и се заканува на Европа. Фрустрациите на еден мал политичар почнуваат да ја чинат земјата премногу. Ликовите како Заев мора да си заминат. СДСМ мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и ќе ги донесе промените во Македонија. За европска Македонија, за подобра иднина на сите, се вели во соопштението на опозициската партија.