Концептот на владата предводена од СДСМ за враќање пари кај граѓаните е базиран на реални и остварливи мерки кои даваат резултат, соопшти СДСМ.

– Реформите во енергетиката даваат резултат. Цената на струјата останува непроменета 2 години, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра. Ја вративме евтината тарифа на струјата која донесе до 11 милиони евра годишно заштеда кај граѓаните. За споредба на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Христијан Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на струјата поскапе за 100 отсто, а евтината тарифа беше укината. ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаше пари од граѓаните, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните. Зборот важи, соопштија од Центарот за комуникации на СДСМ.