Тифани Тејлор е навидум обична девојка, но ги изненади лекарите откривајќи дека минатата година имала 13 пластични операции за да личи колку што е можно повеќе на својот идол, Иванка Трамп.

„Имав 13 операции. И порано бев многу убава, но сега сум малку поелегантна“, вели Тифани.

На прашањето зошто толку очајно сака да изгледа како ќерка на Трамп, Тифани вели оти верува дека Иванка треба да биде пример за сите жени.

Имала две операции на градите, операција на носот, очните капаци и липосукција на стомакот и задникот. Исто така, вградила и импланти во образите.