Најмалку три лица загинаа, а неколку куќи беа запалени кога цистерна со гориво се преврте во западен Иран, јави иранската новинска агенција Фарс.

Возачот на камионот и двајцата патници во другото возило загинаа, пожарот е изгаснат, но неколку куќи се оштетени, изјави за Фарс шефот на противпожарната и итната служба во градот Санандај.

Властите претходно изјавија за иранската државна телевизија дека во западен Иран се превртела цистерна со гориво, при што загинал возач и биле запалени неколку куќи во близина.

-Содржината на цистерната се излеа кон куќите и се запали, изјави ирански претставник за вонредни состојби за државната телевизија.

Тој рече дека се испратени пет возила на брза помош и дека на терен се три возила за спасување, како и пожарникари.