Шумскиот пожар што ја зафати областа од двете страни на границата меѓу Германија и Чешка се шири и се заканува да го уништи познатиот национален парк.
Пожарот што избувна за време на викендот и го зафати регионот Чешка – Швајцарија од чешка страна и Националниот парк Саксонска Швајцарија на германска страна беше под контрола, но рано утринава повторно се прошири, јавува ДПА.
Неколку стотици пожарникари од двете страни на границата го гаснат огнот, со помош на колеги од Полска и Словачка. Властите ги предупредија туристите да не доаѓаат во областа.
Во моментов зафатени се околу 250 хектари шума, а во гаснењето на пожарот помагаат и осум хеликоптери.