Адио Ковачевски, никогаш повторно на Македонија нема да и се случи да биде водена од Ковачевски или слични нему неспособни кадри, кои ја заглавија државата, донесоа сиромаштија и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски донесе понижувања. 600.000 сиромашни граѓани кои живеат со по 150 денари на ден. Неред отсликан во постојани пукања, убиства и кражби кои останаа неразјаснети.

Со Ковачевски во 21 век учениците чекаа учебници во декември, наместо во септември, а болните со месеци, а некои и со години чекаат терапија.

Еден километар автопат не е направен, ниту еден инфраструктурен проект почнат. Ковачевски ќе остане запаметен како целосно неспособен.

Со Ковачевски и екипата околу него Македонија никогаш не била подалеку од ЕУ, довербата во судството е 2%, а партизацијата метастаза.

Талат Џафери човекот што ќе го изгаси светлото на владата СДС и ДУИ, е дел од системот кој му овозможи на Ковачевски и на сите околу нив да ја уништуваат државата.

Џафери има бројни законски кршења, како и кршења на Устав, тоа се работи на кои тој ќе биде потсетен откако ќе се ослободи обвинителството и судството.

Се свири крај за СДС и ДУИ. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.