Спасовски освен што го уништи МВР, целосно ја загрози безбедноста на граѓаните, а неговото министерување беше проследено со стотици скандали за кои до ден денешен нема никаква разрешница.

Спасовски наместо да ги заштити граѓаните, ги штитеше криминалците и се фотографираше со нив.

Спасовски наместо МВР да ја претвори во институција која ќе обезбеди безбедност, јавен ред и мир и стабилност на државата и граѓаните, ја претвори во институција на скандали.

Спасовски единствено ќе биде запаметен како министер кој додели 215 македонски пасоши на белосветски нарко босови на нарко картели.

Во време на Спасовски се случи полициски службеник да се “удри” во пајак, се проби полициската акција Планина во која што требаше да бидат уапсени нарко дилерите од Грчец, се случија дури 5 нерасчистени убиства низ скопски улици и локали, мафијашки пресметки на банди во трговски центри, кражби, киднапирања на деца, дојави за бомби низ училиштата, трговски центри, станбени згради и државни институции, кражби на марихуана, кражба на оружје од полициско депо, бегство на криминалции, делење на коруптивни тендери со милионски суми, а се случи и грозоморното убиство на Вања и Панче, каде што се увиде дека полицијата можела и морала да го спречи ова двојно убиство, доколку Спасовски и службите веднаш реагирале и откриеле додека возилото на убиениот Панче се возело со денови низ скопските улици, па со истото возило, убијците да ја киднапираат Вања и потоа да ја убијат.

Во време на министерувањето на Спасовски командири пукаа со оружје и се снимаа и објавуваа на социјалните мрежи, а криминалците од Арачиново наместо во затвор беа во полициски станици, тепаа и бркаа полициски службеници.

Во последниот месец од неговото катастрофално министерување се случи и целосен хаос со вадење на нови патни исправии на граѓаните кои до ден денеска се оставени на минусни температури да чекаат, иако обрасци за подготовка на патни исправи и возачки дозволи нема доволно.

Се случи и скандал од невидени размери со упадот на партиската војска на ДУИ во македонска навигација во време кога контролорите во М-НАВ опслужувале летање, слетување и прелетување на над 40тина авиони.

Спасовски за 8 годино целосно го узурпираше Министерството за внатрешни работи.

Само криминалците се чувствуваа безбедни со Спасовски, а подземјето стана надземје.

Спасовски заминува како најнеславен министер за внатрешни работи.

Со Спасовски и СДС во Македонија никогаш не било полошо, но доброто е што денеска завршува неговото катастрофално и најнеуспешно министерување.

После ова следува одговорност!

Важно е да ги поразиме!, стои во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.