Евтината дневна тарифа на струјата, гордоста на премиерот во оставка, Зоран Заев, се укинува.

Со новото поскапување на струјата, во иднина, нема веќе да има дневна евтина тарифа на струјата, но Заев ги теши граѓаните:

– Цената на електричната енергија ќе биде покачена за 9,48 отсто, како што информираше Регулаторната комисија за енергетика. Но, се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, објави Заев на својот официјален профил на Фејсбук.

Како што е познато, ноќната и неделната тарифа не се „проект на Заев“, туку на неговите претходници. Гордоста на Заев беше воведување на дневната евтина тарифа на струјата, што траеше пократко и од неговиот мандат.

Сепак, останува еден од двата „големи проекти“ во двата мандата на Заев: Се укинува воведената дневна евтина тарифа на струјата, но останува и натаму укинатата РДФ такса. А за ветената просечна плата од 500 евра, на премиерот во оставка, не му помогнаа ниту железните опинци кои вети дека ќе ги обуе.

Секако, не треба да се заборави и „најголемиот проект на Заев“ – успеа да го смени името на Република Македонија, а се колнеше „во најмило и најдраго во фамилијата“ дека тоа нема да се случи.

(Д.Г.)