Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да спречиме ценовен шок за граѓаните, објави мандатарот на новата Влада, Димитар Ковачевски.

– Покачувањето на цената на електрична енергија за следната година ќе биде 9,48 отсто што е далеку под првичните прогнози од преку 25 проценти. Се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, објави новиот лидер на СДСМ на својот официјален профил на Фејсбук.

Ова е првиот „успех“ на Ковачевски, кој како што веќе објавивме, од претседателот Стево Пендаровски доби мандат да формира нова влада, по оставката на Зоран Заев.